
Обуки за практично сметководство
Што ви нуди обуката? Практично работење пред теорија
- Обуки за практично сметководство и финансиско известување.
- Можност за флексибилна посета на обуката – физичко присуство и ремоте
- Пристап на софистициран сметководствен програм за секој присутен на обуката.
- Три нивоа на знаење на обките – основно, напредно и високо.
- ПРИМАРНА ЦЕЛ НА ОБУКИТЕ е да ве научи практично работење кое ќе биде веднаш применливо во реалниот живот, со поткрепа и на теоретско знаење
- Обуката ќе ја спроведуваат четири предавачи со многу значајно искуство во практичното работење
Услови за посета на обуката
При почеток на обуките, задолжително е да одлучите на кое ниво е вашето знаење и да изберете едно од нивоата – основно, напредно и високо ниво.
ПРО Бизнис МС ви нуди намалување на износот од 30% доколку изберете две или повеќе нивоа за посета.
ОСНОВНОТО ниво нуди можност за запознавање со основното ниво и со сметководството кое ќе биде за вас повторливо секој ден и можеби е и 80% од вкупната работа на сметководителот

НАПРЕДНОТО ниво е веќе за лицата кои се можеби од една до две години во сметководството и сите теми од основното ниво се веќе апсолвирани.
ВИСОКОТО ниво е за лицата кои веќе претендираат да се шефови во сметководство како и лица кои се спремни да запловат во претприемачите води со основање на свое приватно сметководствено друштво

Како ќе се одвива обуката за сметководство? Голема флексибилност дали физичко присуство или ремоте
Обуката ќе се одвива претежно со физичко присуство во работните денови по 17 часот. Дополнително бидејќи обуката е насочена претежно кон практичното учење од таму ќе има простор за многу вежби како и дополнителни часови обука за време на викендите
Обучувачите ќе бидат достапни нон стоп и преку е-маил и преку facebook профилот на ПРО Бизнис МС за вашите прашања, нејаснотии или недоречени делови од обуката